Напади на паника! Како да ги решиме? Mожат да бидат погрешно разбрани, особено кај луѓето со трауматски искуства. Психологот Марко Обрадовиќ, нападите на паника ги поврзува со траумата. Статијата е објавена на Doktok.rs
Нападите на паника се интензивни епизоди на страв со физички симптоми како брзо куцање на срцето и отежнато дишење. Траумата може да го зголеми ризикот од напади на паника. Може и да го промени системот за одговор на стресот во мозокот и да предизвика повторување на трауматските искуства.
Стратегии за справување со нападите на паника вклучуваат:
1. Психоедукација и терапија: когнитивно-бихевиорална терапија(КБТ), терапија за прифаќање и посветеност(АСТ) или EMDR за обработка на траумата.
2.Техники за зајакнување: длабоко дишење и вежби за внимателност.
3.Техники за самопомош: редовна физичка активност и практикување на релаксација.
Овие методи можат да помогнат во управување со нападите на паника и подобрување на квалитетот на животот на луѓето кои ги доживуваат. Важно е да се знае дека паничниот напад нема да нанесе штета и таквото чувство ќе помине. Првиот и последен чекор за спречување на напади на паника е нивното разбирање.
Во суштината на овој проблем лежи претерана реакција на нормалната физиолошка реакција на телото на перцепцијата на опасност.