Вилијам Травиља е оскаровецот чиј потпис стои зад дизајнот на коктел фустанот од слонова коска и истиот е најлегендарна облека во филмската историја. Станува збор за фустанот кој Мерлин Монро го носеше во најпознатата филмка сцена каде актерката и воедно сеуште најубавата жена во светот, стои над решетки од метро додека здолништето поради ветрот „се труди“ да открие дел од нејзината долна облека.
Имено се работи за сцената од филмот „Седум години лојалност“ . Уникатниот модел од тој филм од 1955 година, го собори светскиот рекорд.
Ова впечатливо парче облека на Травиља можеби стана најпопуларно поради Монро, но како и да е, истото стана една од најлегендарните облеки во историјата на филмот и најскапиот филмски костим на сите времиња, според Гинисовата книга на рекорди.
Што се однесува до цената, во 2011 година, фустанот беше продаден на аукција за неверојатни 4,6 милиони долари. Што значи, за оној кој воопшто бил присутен на таа аукција, голема е веројатноста, сумата да е ситница.
Во модниот и филмски свет, истото го постигна црниот фустан на Живанши што го носеше Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“, но сепак моделот на Вилијам ги сруши рекордите.