ВИДЕО: Најпаметниот воз во светот е на линија меѓу Берлин и Вроцлав!

najpametniot voz vo svetot e na linija megu berlin i vroclav

Најпаметниот воз во светот e на линија меѓу Берлин и Вроцлав! Културцуг“ (гер. Kulturzug – воз на културата) го нуди токму тоа: комбинација на превоз и интерактивна културна програма. За време на часовното патување, патниците уживаат во богатата содржина од работилници и друштвени игри до квизови и дискусии за книги. Овој воз е вистинска културна дестинација на тркала!

Најпаметниот воз во светот – Културцуг е специјална железничка линија создадена за да им понуди на патниците уникатно искуство за време на патувањето.Возот што ги поврзува Берлин и Вроцлав, сообраќа секој викенд со цел да ја промовира културната размена помеѓу Германија и  и Полска.

najpametniot voz vo svetot e na linija megu berlin i vroclav

Културна програма во возот

За време на возењето, патниците можат да учествуваат на работилници за плетење, да играат друштвени игри. Исто така на патниците им е овозможено да се натпреваруваат во квизови, како и да уживаат во дискусии за книги и поезија. Во вагонот, каде се одржуваат сите активности, се создава интерактивна атмосфера што ги охрабрува патниците да се запознаат и раменат идеи.

Патувањето меѓу Берлин и Вроцлав трае четири и пол часа. Иако времето може да изгледа долго, благодарение на богатата програма и пријатната атмосфера, патувањето поминува незабележано. Возот сообраќа за време на викендите: Петок и сабота – тргнува од Берлин наутро или попладне. Недела – се враќа од Вроцлав во вечерните часови

Едносмерен билет за овој воз е 24,9 евра. А ако поседувате „Deutschlandticker“, патувањето до Cottbus Hbf било бесплатно, додека доплатата за делот до Вроцлав изнесува 19,9 евра.