Најново од светот! Еве што се случува во светот денес со важни настани кои ја обликуваат политичката и економската клима.
Како најново од светот, вниманието е свртено кон Илон Маск. Тој објави дека ќе дели по еден милион долари дневно на случајно избрани регистрирани гласачи во Пенсилванија… Како дел од својата кампања за поддршка на Доналд Трамп. Победниците ќе бидат избрани од оние кои ќе потпишат про-американска уставна петиција на неговата предизборна група, Америка ПАК. Оваа стратегија привлекува внимание, но експертите за изборно право ја оспоруваат нејзината легалност.
Во други најновости од светот, фокусот е ставен на Велика Британија и Германија кои ќе потпишат историски договор за одбрана. Овој договор ќе им овозможи на двете држави да спроведат заеднички воени вежби на источната граница на НАТО… И да соработуваат на развојот на нова генерација оружје. Историскиот потпис од страна на двете држави, се смета за значаен чекор во продлабочувањето на воената соработка на Велика Британија и Европската унија.
На крај, Светската банка предвидува умерен економски раст на Западен Балкан со проекции од 3, 7 % во 2025 година. Овој раст се очекува да биде поттикнат од зголемени инвестиции и потрошувачка што сугерира на подобрување на куповната моќ во регионот.
И додека светот ни сервира нови и неочекувани вести, не заборавајте дека вистинската сила лежи во малите моменти на радост. Бидете информирани, но и благодарни за секојдневните дарови кои не можат да се купат со пари.