Најлудото зимско натпреварување на замрзнати фризури во Канада! Тоа е поточно во Јукон – најзападната територија на Канада! Ова е уникатно искуство полно со хумор и уметност. Секој февруари, учесниците создаваат уметнички дела со замрзната коса, брада, па дури и трепки.
Најлудото зимско натпреварување на замрзнати фризури во Канада! Овде, фризурата му пркоси на гравитацијата и студот. Тeмпературите мора да бидат под -20°C за да се постигне ефектот, а учесниците, капејќи се во топли базени, создаваат скулптури кои изгледаат како од друг свет. Од замрсени гнезда до елегантни бранови, секоја креација е приказна за себе.
Зошто ова натпреваеување е посебно?
Затоа што е лудо и забавно и има уметничка димензија. Судии ги оценуваат фризурите според нивната креативност и фотогеничност, додека учесниците се натпреваруваат пред сè, за задоволството да бидат дел од овој чудесен настан.
Традицијата продолжува со иновативен пристап!
Поради климатските промени, натпреварувањето се организира флексибилно, само во денови кога природата дарува со соодветни услови. Оваа адаптибилност покажува дека љубителите на„замрзнатата уметност“ не се отжуваат лесно. Со иновативни идеи , продолжуваат да го одржуваат настанот жив и се надеваат дека ќе го пренесат неговиот дух и на идните генерации.
Уникатниот спектакл во Јукон за време на зимата, инспирира чувство на восхит, креативност и длабока поврзаност со природата. Студот го претвора во платно за уметност и традиција која најверојатно ќе опстои како симбол на издржливост, дури и во најсуровите услови.