Најколоритното село во светот – Да бевме малку попаметни и нас ќе ни „текнеше“ за ова

Една шарена реновација го трансформираше селото Јодипан во туристичка атракција. Само пред една година ова беше сиромашен кварт, село пред колапс. Во моментот, во ова село се појавуваат туристи кои се обидуваат да купат сувенири и да го направат најлесниот кеш на светот, само за да добијат парче од оваа шарена атмосфера.

Во последно време, воздушни снимки откриваат необични промени во селото Јодипан во Индонезија. Селото е прекрасно обоено во најживи бои. Скриено во планинските предели, сега ја отскри својата убавина.

А, само пред една година ова беше екстремно сиромашен кварт. Локалните власти не можеле ништо да сторат, освен да  го преместат населението во подобри услови за живот. Тогаш, група студенти од Универзитетот Мухамедија во Маланг, решија дека малку весела боја може да донесе промени. Во партнерство со локален дистрибутер на бои, групата „од наоколу“ собра 30ет сликари и уметници за да го остварат својот план. Резултатот? Се гледа и од авион.

Сега Јодипан е атракција. Покрај боените ѕидови, се простираат шарени чадори. Истите, штитат од тропската врелина и го разубавуваат пејсажот.

Локалните жители конечно можат да процветаат отварајќи продавници за сувенири и ресторани, правејќи го селото неодолливо за туристите.

Ова село се претвори во „мора да се види“ дестинација! Ако само сите градови и села имаа ваков „клик“ е тогаш, кај ќе ни беше крајот?!