Надежи за 2025 – Дали Иднината ќе биде подобра? Иако носи свои тешкотии, годината што доаѓа, буди надеж. Експертите гледаат можности за големи промени кои ќе ја подобрат секојдневната реалност. Со усовршување на технолошките решенија, како вештачката интелигенција и паметните уреди, иднината може да стане побезбедна, похумана и поефикасна.
Кога зборуваме за надежи за 2025 година, технологијата се издвојува како еден од главните двигатели на промените. Професорот Бен Шнајдерман, познат експерт во полето на технологијата, верува дека новите уреди ќе бидат сигурни и доверливи. Ќе бидат создадени за подобрување на квалитетот на животот.
Но, тој исто така предупредува на опасностите од дигиталниот свет. „Вистинската промена ќе дојде кога технологијата ќе се користи за спречување на злонамерни активности и за заштита на приватноста на корисниците.“ истакнува професорот.
Шнајдерман додава дека независниот надзор, етичките стандарди и одговорноста на технолошките компании се клучни за да се избегнат опасностите од масовното следење и манипулациите на социјалните мрежи. Исто така, поголемата употреба на технологии како виртуелната реалност и паметните системи ќе донесат нова рамнотежа помеѓу работата и личниот живот. Позитивниот ефект врз околината ќе биде очигледен.
Сепак, експертите нагласуваат дека овие промени нема да се случат сами по себе. Потребна е посветеност, заеднички напори и подготвеност за нови почетоци.
2025 е година која може да биде пресвртница, Што мислите – оправдани се сите наши надежи за подобра година?
Надежи за 2025? Апсолутно, да. Реално присутни во технологијата и во начинот на кој ќе ја користиме. Но, кога велиме дека има надеж за 2025, мислиме на користење на технологијта на етички начин.
Не станува збор само за тоа колку ќе бидат подобрени условите, туку и за тоа како овие новини ќе придонесат за поголема праведност и рамноправност во општеството. Важно е да се осигураме дека технолошките иновации ќе носат корист за сите нас , а не само за одредени групи и дека ќе ги зачуваме човечките вредности. На крајот она што го нарекуваме „вистински напредок“, ќе се мери според тоа како овие иновации ќе создадат побезбедни и похумани општества.
пишува: Ромина Марковска