Може ли да се сетиме на минатите животи? Аргентинскиот визионер Матијас де Стефано верува дека неговите сеќавања водат директно до легендарната Атлантида. Според него, оваа изгубена цивилизација, основана од вонземјани пред 30 000 години, била чувар на универзалното знаење.
Може ли да патуваме низ сеќавањата?
Сè започнало кога Матијас имал само 12 години. Преку цртежи ги изразувал своите сеќавања за живот во Египет пред 12 000 години и во Атлантида, каде матријархатот бил доминантен. Според неговите визии, земјата била поделена меѓу 12 семејства, чувари на мудроста.
Но, може ли навистина да се сеќаваме и на планетата Глудок, сместена во соѕвездието Големо Куче. Овие искуства го поттикнале да создаде заедница која инспирира духовни промени и подигање на глобалната свест.
Може ли да ги отвориме енергетските портали?
Матијас патувал низ повеќе од 40 земји и отворил „енергетски портали“ за да ги активира чакрите на Земјата. Според него, секој портал овозможува подобар енергетски проток за луѓето, животните и природата.
Визиите на Матијас де Стефано!
Неговите визии го изолирале како дете, но денес привлекува голем број следбеници. Тој го нарекува својот процес „Атер Тумти“ – соединување на небото и земјата, кој, според него е клучен за новата ера.
Може ли да ја разбереме загатката на животот?
Дали сеќавањата на Матијас се вистинити или плод на имагинацијата? Без разлика на одговорот, неговата приказна инспирира милиони да размислуваат за животот како нешто многу повеќе од видливото.
Што мислите вие? Возможно е да се сетиме ма минатите животи?! Споделете го вашето мислење во коментарите!