Доколку сеуште се немате разбудено, лежите во кревет и како да немате причина за станување, пробајте со мотивацискиот говор на Морган Фриман во продолжение. Можеби токму денес ќе ја испробате оваа тактика, а од тука ќе стекнете големи успеси. Можеби токму ова утро ќе знаете што е она што ви недостасувало за да бидете среќни и успешни. Еве што советува овој познат и успешен холивудски актер.
„Да ви кажам нешто за тој глас. Не овој со кој зборувам, туку оној внатерешниот!
Оној кој ми говори што е добро, а што не е! Оној кој ме насочува и ми покажува каде да одам!
Тоа не е Шекспир и не проповеда „незаборавни“ реченици!
Секогаш дирекно ми се обраќа! Ми кажува кои ми се вистински пријатели! Гласот знае кога да кажам да, а кога не! Ми кажува дали личноста која седи до мене е онаа со која ќе го поминам остатокот од мојот живот! Или не!
Понекогаш тој глас е кристално чист и јасен: Оди! Остани! Тоа е правилно, тоа не е…! Понекогаш едвај зборува! Не му дозволувајте да се удави во бучниот свет!
Затоа што на крајот на краиштата, ни еден човек, жена или алгоритам, не знае што е најдобро за тебе! Секогаш верувај во твојот внатрешен глас! Сите го имаат само ретко го слушаат!“