Успехот е нешто кое сите го посакуваат. Секој од нас стреми кон подобро, но што кога тоа подобро би сфатиле дека може да биде најдобро. Може, веројатно е, а дури и сигурно!
Ние сме креаторите на нашиот живот, па можеме да уживаме во совршенство кое сами ќе го изградиме. Ние сме архитектите, во нас е нацрт планот за како ќе изгледа тој ,,објект”, на што ќе се темели, колку ќе го издржи и најсилниот земјотрес. Не се откажувајте, сфатете го ова и верувајте во себе! Доколку малку сте скршнале кон лоша фреквенција, вратете се на каналот кој ќе ве разбуди со позитивни мисли и цитати што утрински веруваме ќе ве мотивира!
–Поттурни се сам, затоа што никој друг нема да го направи нештото наместо тебе!
-Еднаш кога ќе сфатиш дека заслужуваш подобро, се ќе започне да се менува!
–Дозволи си на себе си да бидеш почетник! Никој не започнал од високо.
-Запомни! Среќните луѓе не повредуваат!
–Престани да му дозволуваш на стравот да те парализира! Но, сепак имај на ум, ако не те плаши, не е твојата цел!
-Не троши ја и оваа година правејќи го истото! Ти си оној кој може да го креира животот кој од секогаш сакал да го живее!
–Превземи го ризикот или изгуби ја шансата!
-Поентата на животот не е да се пронајдеш себе си… Целта е да се создадеш!