„Море на тишината“ – Театарско искуство со посебен потпис. Вечерва во Народен театар Битола

„Море на тишината“ претстава

Љубителите на театарската уметност, вечерва ќе можат да ја проследат претставата „Море на тишината“ . Претставата е во режија на Оља Лозица и по текст на Романо Николиќ и Оља Лозица.

На сцената ќе гледаме автентична приказна. Оваа тетарска сензација, ќе ни ја пренесат актерите од Народен Театар Битола. Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска се дел од екипата за овој проект. На сцената ќе брилираат и Катерина Аневска – Дранговска, Марија Стефановска, Сандра Грибовска – Илиевска. Ќе имаме можност да уживаме и во актерската изведба на Петар Спировски, Александар Димитровски, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски и Никола Стефанов.

Композитор на музиката е Матко Ботиќ, костимограф е Андреј Ѓорѓиевски, а сценографијата е на Валентин Светозарев.

море на тишината

-Тоа е приказна која е пренесувана со години, децении, векови од уста на уста. Од колено на колено и од сукња на сукња. – Посочуваат од Народен Театар Битола за претставата „Море на тишината“.

Но, за да биде вистинита, на начинот кој што главната хероина сонува оваа приказна мора да биде прераскажана на хрватски, српски, македонски. На албански, романски, бугарски, турски, грчки… всушност, на мешавина од сите овие и други јазици заедно. Тогаш, според логиката на судбоносното патување на крајот од оваа претстава, на сите присутни слушатели, поточно гледачи наеднаш во главите ќе им светнат фактите од кои започна сѐ.

Време е за ново театарско искуство вечерва во 20:00 часот