Моника Станојкова во југото на Мими си мислеше ќе си вртат кругчиња без докази!

Кога Моника Станојкова седна во Југото на Мими, веднаш се почувствува дека ова нема да биде обично возење.

Нејзината енергија, спонтаност и став – носат некоја посебна динамика, онаква што не може да се симулира. Од Штип до Битола, со ТикТок во џеб и насмевка што пробива кадар, Моника донесе свежина, а Југото ја прими со отворени врати.

Уште на самиот старт, со нејзиниот типичен шарм, се сврте кон домаќинот:

– „Не снимаш, Мими?!“ праша Моника.

А Мими враќа со насмевка:

– „Ами како не, шо си мислеше – ќе си вртиме крукчиња без докази?!“

Имено, Моника, од Задруга излезе прва, ама според Мими – таа беше и прва што сите ја паметат. Впечатоците што ги остава не се избришуваат – се паметат со звук, мирис и ефекти.Моника има (уште малку) 24 години, диплома по економија, специјалност сметководство и став што може да растури табела во Ekscel само со еден поглед. Вели дека за да се успее, треба храброст – и мозокот да ти проработи на време.

Мими ѝ врати со искрено признание – дека ја гледа како некој што знае како се прават пари. И навистина – девојката има свој бренд, не живее од лајкови, ама од гифтови и спонзорства „си го врти своето“.

Тетоважи? Многу. Најмногу болат оние кај препоните, признава, ама сите си носат приказна.

Театар и кино? Не. Животни – да. Работи со Лајка, сака искреност и  како што вели Мими – кој сака животни, не може да глуми.

Во епизодата, специјално за Моника – пастрмајлија со свинско. За Мими – верноста кон пилешкото остана непроменета, ама и со празна чинија. И попатно – речено, изненадувањето му се расипа. Спонзорот му се јави на мобилниот пред десеттата минута, Мими си рече „ало“ – и така се откри целата акција предвреме. Сепак, со Југото си ја зедоа пастрмајлијата од пред дуќан и продолжија како ништо да не било. Муабетот течеше – како филм во кој сценариото не постои, ама сè си тече баш како што треба.

Од мотивациски книги, има прочитано само една – Моќта на потсвеста. Деведесет проценти ѝ се погодило.  Останататото го препишува на среќа.

А  кога станува збор за мажи? „Не сакам мамини синови“, вели. „Јас сум премногу јака и остварена за некој што уште се бара Нек’ е јак и во џеб и во глава.“ А за мажи? На Балканот такви ретко се гледаат, ама ако се појави – нека тропне.

Епизодата е вистинско сценарио без кочници – пастрмајлија, TikTok, искрен муабет и стил што не се учи од книга. Моника? Гостинка што не се заборава. Без филтери. Без шминка. Освен ако не е фотосесија.

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]