Молчењето е злато – Не сакам да ве слушам, затоа молчам!

молчењето

Во животот се сретнуваме со луѓе кои озборуваат и ги извртуваат фактите, кажуваат невистини и манипулираат. Со еден збор оговараат. Но, што ако не сакаме да ги слушаме? Еден од интересните моменти при разговор со овие личности е кога истите објаснуваат некаква „филозофија“ за која и не баш се согласуваш и бараат поддршка за неа, како небаре те убедуваат:„Нели е така?“ Очајно ти доаѓа да им речеш:„Не! Не е така!“

Епа, пред да се впуштите во валканите напливи на конфликти, смирете се и фокусирајте се на вашата цел. Зошто сум со оваа личност? Треба ли нешто да и кажам? Дали воопшто сакам да бидам во нејзина близина? Која е мојата цел? Потоа изнајдете решение за да сфатите дел од нејзиниот порив за „дискусија“ (оговарање со апсолутно погрешен став кој се граничи со лицемерие и љубомора), а после краткиот молк променете ја темата и заминете од тоа место.

Вашата (не)примитивна околина веќе знае дека оној што шири отров е озборувач и обичен манипулатор. Секоја паметна личност ја знае глупоста на токсичниот збор, па затоа знае да „каже“ дека молчи, само затоа што не сака да слуша. Во контекстот, молчењето не смее да значи потврдување. Напротив, тоа треба да се претстави како дознаење дека не се согласувате со она што соговорникот го „расправа“.

На вас е да се насмевнете, да одмавнете со раката како гест на она што вели „не сакам тоа да го слушам.“ Одбијте ја „глупоста.“ Манипулаторите секогаш и во секоја прилика настојуваат да имаат спаринг партнер во расправијата. Не им го дозволувајте тоа задоволство. Едноставно, одминете ги и надминете ги ваквите ситуации. Затоа што не за џабе се рекло Молчењето е злато! Ние, на ова би додале: Не сакам да ве слушам, затоа молчам!