Моден императив за дамите над 50 години

„Облечи се старомодно, без оглед на годините, луѓето ќе го забележат фустанот, облечи се беспрекорно и луѓето ќе ја запаметат жената.“ – Коко Шанел

Зрелите години носат стилско модно однесување. Дамата во овие години ја доловува целокупната слика за сопствената беспрекорност практикувајќи правила на модно однесување: 

– кога носите кошула, откопчајте не повеќе од две копчиња;

-одлучете се за здолниште со пократка  должина или деколте, двете не одат заедно;

-деколтето на деловната гардероба не смее да биде пониско од 10 сантиметри од клучната коска;

-Ако ја носите кошулата одвнатре, носете и каиш;

-Препорачлкиви се два различни дезени во иста боја или два исти принтови во различна големина;

-Тенки прерамки не се пепорачуваат ниту во свечени пригоди;

-Обетката нека се сложува со нараквицата и огрлицата нека се сложува со прстенот;

Кога купувате облека, ставете го вниманието врз квалитетот на природниот материјал и одберете „бело и црно“  од било кое парче облека.

За летниот период никогаш нема да згрешите со материјали од лен и памук.

И она што е клучно е да се чувствувате удобно во својата  „втора кожа“ .