Наташа Малинкова се испотресе во југото на Мими – Нова епизода

Наташа Малинкова се испотресе во југото на Мими - Нова епизода

Овој пат во југото на Мими се повози и Наташа Малинкова. Се повози, ама и се шокира!

Сѐ ни се чини оти Мими ја претера… Едно две ги испотресва гостите в југо. Малце да се нашалиме али шо е така така е… Инаку во југото се повози Наташа Малинкова. На популарната македонската поп пејачка му излезе душата кога Кумбата имаше обид да ја уплаши скокајќи од задното седиште. Е сега дали навистина му излезе душата, останува да си видите во видеото. Ние барем, напрајвме фокус на Кумбата и ко шо заприметивме, се исплетка се запусти и изгледа не му тргна сѐ ко шо си имал изрежирано.

Наташа Малинкова раскажа за својата кариера, за љубовта која ја има кон музиката. Позборуваа за тоа како се содздаде и роди оваа убава приказна на познатата пејачка. Освен тоа, Наташа се врати на спомените и средношколските денови кои ги помина во Битола. Ја искажа љубовта кон нашиот град како посебна, единствена и најубав спомен кој го носи во срцето.

П.С. Извинете за битоскиО, али намено е… Не е случајно!