Стварно е привилегија да си дел од приказната на Mimi yugo. Во најновото видео гостин е Методија Илиевски
Густо во сообраќајот во Битола.,,Трафик џем” шо велА овие од западо. Ама убо ни е. Раздвижено ни е. Понекогаш и тој,,џемо” знај да не потсети да го водиме истиот ритам. Да не се откажуваме од темпото. Битола пулсира во тоа име и убо знајме дека овој град препозна големи таленти, успешни луѓе. И колку и да си кукаме (и по малку оговараме на битолски), никогаш не се откажуваме. Кога сме токму кај тоа неоткажување, континуирана амбиција, истрајност и упорност, гостин во Mimi yugo, е токму таков човек.
Методија Илиевски, советник во општина Битола.
Илиевски зборува за таа амбиција која секој ден те потсетува дека можеш повеќе. Во новото видео, гостинот стварно не мотивира и сепак не потсети оти не оди се туку така лесно и наеднаш во животот. Кроце, шо велат старите.
Принципиелноста и точноста се уште едни епитети на Менде, а Мими со ова видео, заедно со гостинот се разбира снимено во неговото југо(со секако рачната клима:), упати моќна порака.
Што е вистинска работа? Колку младите денес работат и што работат? Колку денес луѓето се занимаваат со земјоделие и дали истото е добра инвестиција. Како се гледа на овие работи и дали треба да се остане во Битола… Да не должиме многу, се си е одговорено во видеото и муабетот на Илиевски и Мими. Уживајте и останете мотивирани! Секако, никогаш не се откажувајте од целта, следете ги соништата.
И да… Следете го Mimi yugo!