Малце закани на ваму натаму си добивме, ама ќе се помини. Ем му прајш арно, ем сум ги гибала. Ах Мими Мими… Шала на страна, Јоцо ја гибна „Јулијана“ (познатото југо на Мими). Исчепка таму во тие шРАФОЈТЕ и напрај некоја чаролија.
Уствари тро се забаја со еден шРаф Јоцо, Мими и Кумбата. И саклдисаја баги, и цел ден му помина во гаражО. Ама мајсторот си ја знај работата и стварно го сФетна југцето. И налет сите работи не спомнаја и нас од „Разбуди се“, оти појќе не смејме да се зафркаваме со рачната клима на Мими, а богами добивме и закани! Значи не е појќе рачна!
„Ко Антените од „ТепавцЕ“ има да ја местиш климата твоја, ако не зафркаваш пак! – Ееее се гибна море Кумба?! “
На муабетот се надоврза и Јоцо кој дури го поправаше југото на Мими, ми се „подзакани“ дека ако не дај Боже ми треба поправка за колата моја, ќе ми кажи убо! Хм…
Инаку идејата за видеото дојде сосема спонтано, а од изворите научивме дека југото ќе се едитира допрва во Joco Solution Service. Она шо стварно не бендиса кај нив, е шо Јоцо е стварно трпелив и многу упорен во она шо го има замислено, а богами и умеј.
Ја поздравуваме идејата и можеме да речиме дека ова е уште еден доказ дека хуморот се случува и надвор од новите трендови кои очигледно ја актуелизираат за жал некултурата и цело она „Празно“. Идејата на хуморот е преку забава да пренеси информација, порака. То е поентата на еден виц, на шега, на мајтапче шо би рекле ние битолчани. И да не должиме многу, време е да го погледнете видеото кое верваме дека особено е резервирано за посилниот пол. Значи таргет: Mажи и многу јаки жени шо си сакат да се дел од автомобилската индустрија и да ДА… Шо сакат да видат како тоа климата на Мими не е појќе РАЧНА- АМИН ГОСПОДЕ!