Како би можел месецот на раѓање да влијае на вашето здравје

месецот на раѓање

Астролозите нудат итерпретација за карактерот на човекот според положбата на месецот на раѓање.

Врз основа на информациите, дванаесетте месеци од годината носат различни насоки во врска со подобрувањето на здравјето на човекот. Погледнете, пронајдете го својот. Со месецот на раѓање ќе дознаете како  да превенирате ако отсуствува секојдневната животна радост. Ако е потребно, дозирајте некој милиграм на „таблетката“ што се вика „мотивација“.

како влијае месецот на раѓање врз вашето здравје

Ако сте родени во ЈАНУАРИ, „склони сте“ кон кардиоваскуларни заболувања. На емоционаното здравје му треба повеќе внимание и заштита. Вие сте родени оптимисти од причина што сте родени во првиот месец од годината и носите надеж и желба за напредок.

Ако сте родени во ФЕВРУАРИ, вие сте хумани и емпатични и како такви добивате „fit back“ од УНИВЕРЗУМОТ. Вашето здравје е заштитено.

Ако сте родени во МАРТ, вие го пречекувате првото сонце во пролетно расположение и продолжете така. Не потпаѓајте под влијание на „студот.“  

Ако сте родени во АПРИЛ, имате „предозиран адреналин во срцето“ . Внимавајте на него. Обидете се да ја намалите дозата на адреналин.

Ако сте родени во МАЈ, „му конкурирате на родените во јануари“. Кај вас е силно изразен оптимизмот и „вратите од светот на здравјето“ се широко отворени.

Ако сте родени во ЈУНИ, вашето срце се вика „full of love“. Коментар не е потребен. Тоа би значело дека љубовта е изворот на вашето здравје.

Ако сте родени во ЈУЛИ, би биле „надвор од масата“. Можеби ја користите левата рака повеќе од десната! Тоа ве издвојува и веројатно имате некоја посебна дарба. Токму таа ќе ги анимира тие одредени „чакри на здравјето“.

Ако сте родени во АВГУСТ, вие сте СОНЦЕ и ги затоплувате срцата на кои им треба животна енергија. Вие само ја „дуплирате и множите“.

Ако сте родени во СЕПТЕМВРИ,  „ви паѓа по некое пожолтено ливче“. Ама тоа на пролет ќе биде зелено. А дотогаш, спортувајте, акумулирајте енергија.

Ако сте родени во ОКТОМВРИ, поседувате  хармонија на телото и духот. Токму таа рамнотежа ве прави смирени, сталожени, спокојни. Што има поубаво од внатрешен мир?! Мултилицирајте го.

Ако сте родени во НОЕМВРИ, имате hiper-фокус, ама на погрешно место. Префрлете го на локација-оптимизам.

Ако сте родени во ДЕКЕМВРИ, сте еден од малкумина, особено ако сте родени на 24 или 25, сте во ретката група. Тоа би значело дека вашата стабилност по однос на здравјето е на прво место. Вие одлично знаете да го исползувате „зимското сонце“. Само вие знаете да го доживеете „денскиот зрак врз мразот“.

Не заборавајте, потсетете се да ја испиете таблетката „motivation +“ во доза која ви е потребна.  

Извор