Ирец влезе во Гинис со непрекинато готвење од 120 часа

gotvenje готвење гинис

Ирскиот готвач Ален Фишер го собори светскиот рекорд за непрекинато готвење од 24 часа.

Ова време е подолго од времето на готвење на Хилда Бачи, готвачката која претходно го држеше рекордот. Нигериската готвачка Хилда готвела 93 часа и 11 минути е симната од тронот, јавува Би-би-си.

Фишер, кој живее во Јапонија, готвеше без престан 119 часа и 57 минути во својот ресторан посветен на Ирска во градот Мацуе, според Гинисовата книга на рекорди.

готвење
gotvenje

За време на маратонско готвење, Фишер направил 357 килограми леб и 3.360 порции храна и излупил 300 килограми компири. Времето на печење траело 47 часа и 21 минута.

„Претходниот рекорд и успехот на Хилда беа моја инспирација“ – изјави Фишер, според Гинисовата книга на рекорди. И уште нешто -„ Имав халуцинација на претпоследниот ден“, искрено „си кажа“ маестро Фишер.

Еден ден халуцинација, како ниеден. Ние обичните, на овие мали балкански простори „ѓоа кувари“, секојдневно халуцинраме со само два саати готвење. Насекаде ни се појавуват загорени тенџериња,  дуплирани тави, немиени садови. А кога во Гинис?!