„Меѓународен ден на ненасилството“  го одбележува роденденот на Махатма Ганди

Махатма Ганди ненасилство

Махатма Ганди е голема фигура во глобалниот календар. Ганди ја довел Индија до независност и поттикнал движења за граѓански права  и слободи низ светот. Роден е на 2 октомври 1869 година , Хинду, Западна Индија. Неговото образование го извршувал во Лондон. Него го нарекуваат и Бапу-таткото во Индија.„Фондацијата Проект за ненасилство“, основана во 1993 година, игра клучна улога во унапредувањето на оваа кауза. Во 2004тата година, иранскиот нобеловец Шрин Ебади ја предложил идејата за Овој ден да биде Меѓународен ден на ненасилството. Лидерите на Конгресната партија на Индија ги повикале Обединетите Нации за нејзино усвојување. Обединетите Нации ја препознале „длабочината на идејата“ и ја усвоиле во знак на почит кон делото на Махатма Ганди.

„Меѓународен ден на ненасилството“  го одбележува роденденот на Махатма Ганди

Меѓународниот ден на ненасилството е духовен хоризонт за подигање на свеста за манифестација на ненасилството кон решавање на конфликтите во заедницата од широк размер.

Овој ден промовира личен раст и хармонични односи. Го поттикнува и анимира младиот свет да ја пробуди свеста за ненасилно решавање. Решавање на малите и големи спорови на индивидуално и колективно ниво. Трајната мудрост на Махатма Ганди го трансформира насилството во ненасилство и покажа и  докажа дека постои и друг пат до промена што содржи мир и разбирање.

„Ако сакате да видите промена во светот, мора да почнете од себе.“- рекол Махатма Ганди.

слобода ненасилство Махатма Ганди

Извор