Постојано се наметнува прашањето што се случува со бројката на разводи ширум светот. Едни велат дека е до интернетот, други пак тврдат оти овие женичките биле кривци. Им се дало многу слобода и сега тие без да им „трепни“ си заминуваат од дома. Како најнова информација (или шпекулација, али наше е да ја пренсиме ), е оти и и Хари и Меган имаат на ум да се разведат. Го следат ли трендот или стварно има некои недоразбирања помеѓу партнерите?

хари

Имено, извори за парот велат дека тие веќе долго време се оддалечуваат и немаат заеднички живот. Хари сакал да се врати во Англија и му недостига тамошниот живот (и веројатно титулата), а Меган е носталгична кон својата холивудска кариера и прави се за да се врати на сцена. Меѓу другото принцот, како што велат медиумите, бил засрамен од неуспешните соработки со Netflix и Spotify.