Психолозите со нови тврдења: Мажите изневеруваат секогаш кога имаат „шанса“!

мажите изневеруваат повеќе од жените

Низ историјата, најактуелно е прашањето околу неверствата и кој е оној кој повеќе изневерува, дали се тоа жените или мажите. Многу психолози се интригираат околу оваа тема, а најновите истражувања донеле заклучок дека секој маж може да изневери.

Според психолозите, мажите изневеруваат повеќе

Мажите изневеруваат повеќе од жените

Имено, мажите, страста ја доживуваат како моментно случување, за разлика од жените. Машкиот мозок веднаш го менува текот на мислите штом во близина ќе се најде некоја згодна, атрактивна девојка или жена која му дава повод да направи непредвидлив чекор без размислување. 

И во статус состојба „среќно оженет човек“, се случува т.н. стеснување на умот. Мажите многу потешко ги контролираат своите желби и емоции. Токму затоа  многу полесно можат да му се предадат на искушението. Затоа, се вели дека мажите изневеруваат повеќе од жените.

Од тука, психолозите велат дека следува заклучок: „Секој маж е неверен.“

Прашањето кое се поставува е дали да се прости неверствотото од страна на понежниот пол? Ако сметате дека заслужува уште едне шанса, сторете го тоа во отсуство на префрлувања и расправии. Во спротивно, побарајте ја среќата на друга страна. Само така, ќе се ослободите од непријатната болка. Веројатно нема зошто, туку само како да се премине преку неверството. Премине или замине. Останува на вас.