YUGO Нова емисија: Од Битола до Менхетен – животната приказна на Марија Магдалена – Класнето!

Марија Магдалена – класнето е новата гостинка на Мими и емисијата YUGO. Емисија која од самиот почеток веднаш по објавувањето се наоѓа и на нашите страници. На ,,Разбуди се”.

… И фала богу, се започна индијански емисивчето. Тро се подакна вратата и се запали олтајмерот такозвани YUGO. Марија Магдалена на битолчани им е позната како Класнето од добро позната акција ,,Метиме со класнето”. Имено стануваше збор за проект инициран од Марија Магдалена, имено долгогодишна професорка во медицинско училиште. Тоа беше одличен подвиг, еколошка акција што навистина ја подигна свеста во поглед на реалните проблеми и ѓубрето во градот.

И стварно, друго е на збор да си речиме оти ни смета ѓубрето, а друго е во живо, на терен. Со метлето и кантето в рака. Учениците се покажаја како навистина одговорни кон градот и Марија со задоволство ги поздрави во југцето.

Меѓу другото, Марија Магдалена е и ќерка на Менде Петковски еминентно име во новинарскиот свет и познат битолчанец кој остави траен белег во медиумскиот простор.

Гостинката носталгично и гордо зборуваше за татко и.. А низ муабетот, спомна дека она што најповеќе и останало низ спомените е машината за куцање каде татко и ги пишувал новинарските текстови. Изгледа дека термимот,,воркохолик” е наследен, па и за оваа дама е далеку од непознат.

… И така едно девојче од Битола, на свои 16 години стигнало во Њујорк. Марија го завршила средното образование во градот кој добро знаеме оти никогаш не спие и како тинејџер со авантуристички дух, го поминувала своето време низ улиците на Менхетен.

Она што не натера да воздивнеме, беше моментот кога таа раскажа дека била на час по математика кога се случил нападот врз кулите близначки во Њујорк. Интересно е што таа до тогаш не ни знаела што е терористички напад и тогаш за прв пат го слушнала тој збор. (Можда баш ова збора колку само сме живееле во едно друго време. Не како сега испопарени од све и свашта и само на штрек и готовс чекаш некој да те нападни. Сумлив ти е секој и.. Дај да не збораме натаму оти хорори сценарија ни се вртат во глата..)

Амбициозна, харизматична и полна со живот и некој спој од емпатија и страст со сепак смирувачка енергија. Оваа дама навистина има што да каже, а она шо нас ни остана во фокусот е муабетот околу соништата. Според Марија Магдалена – Класнето, големите соништа се исполнуваат само ако имаш визија и љубов.

,,Клучот на се е љубовта и визијата кон нешто! ” – ќе рече гостинката, а за шо друго се збораше, видете си во видеото и најновата епизода на Мими Yugo.

Marija Magdalena – Klasneto – YUGO