Мали, шармантни, со тесни улички, калдрма, историја – Градчиња за одмор надвор од урбаното

градчиња

Доколку посакувате да посетите некоја дестинација која е надовр од сето она што сите туристи обично го посакуваат и доколку сакате да бидете надвор од урбаното, гужвата, светските атракции кои веќе стануваат клише, погледнете ги овие мали градчиња, местенца со богата историја и фантастични пејсажи. Слатки, атрактивни и романтични.

Conde Nast Traveler е туристички магазин кој објави листа на 50 најубави мали гратчиња во светот. Уредници на самиот магазин се оние кои ја направија листата, а како што велат, она што особено им се допадна при изборот на најубавите гратчиња, се автентичните калдрмени улици, неверојатните панорами, колонијалната архитектура. „Никогаш нема да се умориме од патувања во малите градови“ – додаваат тие.

-Речиси секоја земја на планетата има мал град што вреди да се бара, од историски села во Јапонија до пустински оази во Египет. Без понатамошно одложување, ова се најубавите мали гратчиња во светот – се вели во написот.

Албарацин го зазеде првото место

градче

Најмногу им се допадна градот Албарасин во Шпанија. Се наоѓа во провинцијата Теруел, а според пописот од 2018 година имало население од 1.016 жители.
„Овој изолиран планински град покрај реката Гвадалкивир е главен кандидат за титулата најубав мал град во Шпанија, со розови и портокалови згради кои беспрекорно се вклопуваат во карпестата околина“.

Местото е особено уникатно благодарение на неговата историја на муслиманско и христијанско владеење – каде на друго место можете да најдете готска катедрала и урнатините од замоци и средновековни градби“, стои во описот на овој мал град.

Црвените карпи кои го опкружуваат градот го прават популарно место за качување и планинарење, пренесува Index.hr.

На списокот се најде и Блед во Словенија

блед

„Постои причина зошто езерото Блед е едно од најпопуларните места во Словенија. Тој освојува со своите смарагдни води, островчиња преполни со цркви, поглед на Алпите и замок на врвот на ридот од 12 век. Околниот град Блед е подеднакво шармантен“, пишуваат за овој град.