Максималниот животен век на човекот, е тема која фасцинира научници, филозофи и љубопитни умови низ светот. Додека традиционалната биологија сугерира дека постои некаков „биолошки лимит“ на животниот век, новите истражувања сè повеќе ја поместуваат оваа граница. Најстарите луѓе на планетата живееле над 110 години, а во исклучителни случаи, како францускиот Жана Калман дури до 122 години. Ова е најдолгиот потврден век досега.
Што кажува науката за максималниот животен век на човекот?
Некои научници веруваат дека луѓето можат да доживеат и до 150 години. Но, ова зависи од многу фактори како што се генетиката, животната средина и начинот на живот. Примената на новите медицински технологии како регенеративната медицина и генетската терапија, би можеле да го продолжат животот… Но, и да ја задржат неговата квалитетна димензија. Истражувањата покажуваат дека стареењето не е само неизбежен процес туку и феномен кој би можел да се контролира или забави.
Сепак и покрај напредокот на медицината, многумина веруваат дека бесмртноста е мит, а вистинската вредност на животот лежи во неговата ограниченост. Можеби треба да се фокусираме на тоа како квалитетно да ги преживееме годините што ни се дадени, а не да се стремиме кон бесконечен живот.
Некои филозофи велат дека „вредноста на животот не се мери со бројот на години туку со длабочината на секој момент.“ Иако науката напредува постојано и овозможува подолг живот , можеби најголемата мудрост е да го живееме животот со благодарност и дефинитивно да се фокусираме на квалитетот, а не на квантитетот.
Според извештаи на Светската здравствена организација, просечниот животен век на глобално ниво е околу 72 години. Земји со најдобри здравствени системи како Јапонија и Швајцарија го достигнуваат и надминуваат прагот од 83 години. Овие бројки покажуват дека иако максималниот животен век на човекот е фасцинантна тема, клучно е да се запрашаме – како можеме да ги искористиме годините што ги имаме на најдобар можен начин?