Поради пожарите во Лос Анџелес, објавувањето на номинациите за Оскар е одложено

Одложено е објавувањето на номинмациите за оскар поради големите пожари во лос Анџелес. Академијата за филмски уметности изрази загриженост за многу свои членови и познати личности кои ги узгубија своите домови во областа Пацифик.

Соодветно на одложувањето на номинациите за оскар, продожен и е и периодот за гласање филмови ќе бидат влезени во потесен круг.

Според тоа, објавувањето на номинациите за 97. Оскари сега е одложено од 17 јануари на 19 јануари, а гласањето е соодветно продолжено. – пренесува kurir.mk Извршниот директор Бил Крамер испрати писмо до сите членови на Академијата.

-Почитувани членови на Академијата, сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до погодените од разорните пожари низ Јужна Калифорнија. Многу од нашите членови и колеги од индустријата живеат и работат во областа Лос Анџелес, а ние мислиме на вас, рече тој на почетокот на своето обраќање.

Со оглед на ситуацијата со пожарот, тие го продолжија рокот за гласање и ги ажурираа информациите за проекциите на потесниот избор за Оскар, а ги одложија подготовките и го затворија Музејот на Академијата.

-Гласањето за номинации за 97. Оскари започна утрово во 9 часот по Пацифичко време. Ќе го продолжиме рокот за гласање за два дена за да им дадеме на членовите повеќе време да го дадат својот глас. Гласањето сега ќе заврши во вторник, 14 јануари, нашата објава за номинации за Оскар ќе биде поместена од петок во недела, 19 јануари, објасни тој, додавајќи дека наскоро ќе објави дополнителни информации.

Проекцијата на меѓународниот игран филм кој требаше да се одржи вечерва во Лос Анџелес ќе се одложи за друг ден од неделата.

За потсетување Лос Анџелес е погоден од најголемата природна катастрофа во последните децении, бидејќи шумските пожари, поттикнати од ветрови со јачина на ураган, убија најмалку пет лица и принудија повеќе од 100.000 жители да се евакуираат и ги зафатија богатите населби.