„London Bridge Is Falling Down“ всушност зборува за „жртвување на деца“

Веројатно секое дете, ја знае оваа песна. Токму со неа започнуваат првите чекори кон учење на англискиот јазик. Станува збор за можеби светски популарната „London Bridge Is Falling Down“

Што се однесува до нејзиното потекло, песната „London Bridge Is Falling Down“ се родила во северните делови на Европа на Британски острови на почеток на 18 век. После тоа била реконструирана за да одговара на Лондонскиот мост. И како што знаеме ова е весела песна, но според некои историчари тоа само навидум изгледа така. Всушност песната крие длабока мрачна тајна.

За што станува збора?

Во песната се зборувало за жртвување на деца. Тоа го тврди Лејди Алис Гом, водечки британски експерт за проучување на народните обичаи и фолклор. Според некои размислувања во дамнешно време, луѓето кога граделе згради или мостови, во темелите вградувале и живо дете. Колку и ужасно да звучи ова сценарио, тие верувале дека токму духот на децата ќе ја заштити градбата. Во некои верзии од оваа песна, се споменува „чувар на мостот“. Според некои, ова дури се мисли и на Лондонскиот мост. Тоа навистина „крипи сценарио“ кое не би било за верување. Така се направени испитувања и според досегашните, нема докази дека било жртвувано некое дете при изградбата на Лондонскиот мост.

Сепак нема докази дека било жртвувано некое дете при изградбата на Лондонскиот мост. Но, Алис Гомтврди дека песната зборува генерално за периодот и практиката на жртвување деца за мостовите да траат подолго.