Од визија до реалност – Ќе летаме или ќе се спуштиме на земја?
Со попладневно кафе, малку џез и едно: Здраво! Дали сме ок? Добро, продолжете на оваа линија каде што секој ред е нова страница на истражување. Време е за „термичка обработка на оваа ајкула на размислување“ и да се порамниме со изборот на темата. Звучи сложено? Ок, од почеток…Од сите дебати во животот, една од најинтригантните е: „Дали сме подготвени „да летаме“ без да гледаме надолу или пак треба да се приземјиме? Да го вратиме фокусот на земјата?! Ова последното, произлезе од изреката која е безброј пати експлоатирана: „биди реален, не летај, приземји се!“
Замислете го ова како отворање на Пандорината кутија, ама пристапете му со поголема доза на хумор и помала доза на страв.
Во овој брз свет на постојана дистракција и подложност на сите сетила, се возиме како на ролеркостер. Понекогаш, во преубави завои преполни со мечтаења, а понекогаш се спуштаме и се приземјуваме за да се дружиме со нашите лојални пријатели кои се викаат Стабилност и Реалност. Тоа се нивните вистински имиња. Немаат псевдоним. И заедно го пиеме кафето во една мирна, сталожена атмосфера каде што времето тече споро, а разговарањето добива длабока смисла. И ретко кој од нас тројцата, го искривува моaбетот. Сепак, кога мечтаеме е како да си на врвот на воздушен балон, како да летаме. А од таму, својот курс го одредуваш според ветрот. И го гледаш светот одозгора! No, coment! Всушност има еден коментар.
Да мечтаеш е добро за здравјето од причина што се сплотуваш со божествената креација.
Да се разбереме! Не дека сме ги заборавиле нашите верни пријатели, ама овде, сѐ некако е поинаку, возбудливо и величествено! Тоа е како … ќе се обидам да ви илустрирам: замислете го животот како игра со топка, на терен. Некои денови сме на теренот каде претпоставуваме каде ќе заврши топката, ама понекогаш, таа е како „луд пребарувач“ и може да заврши на неочекувана страна која ќе ни овозможи малку предизвик и забава. Ете затоа, не е лошо да ја разгледаме идејата за „фокус врз топката која го сменила правецот на движење.“
Тоа е нешто слично како кога ќе си купиш нешто ново и покрај тоа што знаеш дека не е практично, тоа секако ќе те направи среќен!
Од аспект на „приземјеност“, тоа може да биде единствено како патување со „ракетни системи“. – Секогаш стигнуваш таму каде што си замислил. Ама понекогаш ни треба малку адреналин и неизвесност, зарем не?!
Ако станеме мајстори на предвидливоста, можеби ризикуваме да завршиме како песочни часовници-секогаш точни и редовни , но бавни и апсолутно досадни.
Ова наше секојдневие може да биде и како купување на лото-билет со случајни возможности, но и со можна голема добивка. Е заради ова последното, пробајте многу комбинации од броеви и видете каде сѐ ќе ве одведат.
Можеби или повеќе од веројатно, клучот е во балансот на овие три „нешта“:
Интелектуална фитнес програма за мозокот,
Песочен часовник на предвидливост и останува ова третото
Лото билет на случајност со можна голема добивка.
Се бара клучот! Кој ќе го пронајде ќе ја отвори Пандорината кутија и нека внимава да не го изгуби. Ако го имаш овој клуч, животот ти е подеднакво забавен и содржински исполнет.
пишува: Ромина Марковска