Лесни патики што нудат комфор и стил! ADIDAS GAZELLE сега има летна , вентилирана верзија. Веројатно, многумина сонуваа за такви спортски патики за високи температури. Имено, објавена е нова соработка помеѓу Adidas и CLOT која претстави нови, лесни модели на Gazelle.
Во последниве години, соработките во светот на модата достигнуваат нови висини на креативност и популарност. Оваа летна сезона, врвот на иновациите е новата соработка помеѓу брендовите CLOT и Adidas Originals. Истата го потврдува статусот на модните икони Gazzele. Ко-основачот на CLOT, Едисон Чен , креираше иновативна патика Espirazella со комбинација на класичниот изглед на Adidas Gazelle со елементи на еспадрили. Искреирана е уникатна естетика идеална за летната сезона. Истакнат елемент на овие патики е ткаениот горен дел и јазикот. Истиот осигурува уникатен изглед на секој пар. Врвките од јута и реконструираните три линии со мониста -детали, додаваат дополнителен степен на елеганција и современост.
Летни патики кои ви нудат комфор и стил
Најизразителната карактеристика на моделот CLOT x Adidas Gazelle е нивниот уникатен дизајн. Со ткаени детале, овие патики го подобруваат естетскиот изглед и обезбедуваат комфор и издржливост. Така, патиките истовремено се модерни и функционални и секако совршени за носење секој ден.
Колекцијата е достапна од 14ти јуни на adidas.com и во одредени продавници по цена од 160 долари. Освен патиките, колекцијата вклучува и винтиџ јакни, кошули за куглање, кошули со ребрести ракави и бермуди.
Заштитно лице на кампањата е јужнокорејската ѕвезда, Џени Ким. Таа го претстави новиот модел по успешната соработка со Шанел и Келвин Клајн. Дебитираше на пистата за шоуто на Жакемус „Ла Каса“. Успешно го промовира овој нов модел на патики за кои сонувавме.
Соработката помеѓу Adidas и CLOT е пример за тоа како модата и удобноста можат да одат рака под рака и да создаваат производи кои се естетски функционални. Овие патики не се само моден додаток туку и израз на личен стил и комфор.