Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

Лажните вести можат да повредат. Тие се најопасни кога мета им се малолетни и млади лица. Такви ситуации можат да остават долготраен белег врз животот на луѓето, тие да бидат отфрлени, исмејувани од средината и стигматизирани. Затоа е важно младите не само да ги препознаат лажните вести, туку и да не ги шират. А тие, лажните вести, земаат многу поголем замав од вистинитите.

Подкастот на Горазд Митревски со студентката Илиана Николовска, двајцата од Битола, содржи токму сведоштво за тоа како лажната вест може да обележи некого за цел живот. 

Подкастот е снимен е во рамки на проектот „Младинска медиумска лабораторија“. Во истиот, млади од Пелагонија во соработка со професионални новинари во улога на ментори ја обработуваат темата на медиумската писменост.

Проектот „Младинска медиумска лабораторија“ го имплементира граѓанската организација Граѓански Патеки во партнерство со здруженијата ИКТ Свет, Журналист, Од млади за млади, Младинска Граѓанска Акција и Еко герила Преспа.

Со цел едукација на младите критички да ги разбираат медиумските содржини, продуциран е и Видео курс за медиумска писменост кој можете да го следите на веб платформата www.medialab.mk.

Проектот „Младинска медиумска лабораторија“ се спроведува во рамките на регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“, која се имплементира со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.

[post_tags]