Почетна
Италијански лазањи на поинаков начин
Мала историја за феноменалните италијански лазањи, секако би била добродојдена за љубопитните читатели: Лазањите потекнуваат од италијанската кујна, поточно од Емилија-Ромања и Ломбардија, Северна Италија. Тие се традиционално италијанско јадење составено од квадратни или правоаголни листови од тесто. Тестото на италијански лазањи, е направено од јајца, брашно, сол и вода. Листовите – тесто, популарно се […]
Мала историја за феноменалните италијански лазањи, секако би била добродојдена за љубопитните читатели:
Лазањите потекнуваат од италијанската кујна, поточно од Емилија-Ромања и Ломбардија, Северна Италија. Тие се традиционално италијанско јадење составено од квадратни или правоаголни листови од тесто. Тестото на италијански лазањи, е направено од јајца, брашно, сол и вода. Листовите – тесто, популарно се нарекуваат „пастичио“ и се користат во слоеви за да се состави лазањата. Овие листови имаат и уште едно име -„ласагни нудли“. Апсорбираат разни сосови и состојки како рагу (сос од мелено месо, зеленчук и зачини), бешамел сос и сирење.
Најпозната верзија на лазањите се лазањите болонезе кои вклучуваат рагу од млеко и говедско месо.
Откако ја заокруживме историјата, преминуваме на изборот-рецепт. Погледнете го видеото, а доколку нешто не ви е баш јасно, прочитајте го подолу рецептот и движете се постапно. Чекор по чекор до совршено италијанско кулинарско задоволство што навистина се топи во уста!
Погледнете ја објавата на Instagram
Овој рецепт го објави инфлуенсерката Марија Мазалин на својот Инстаграм профил.
-маслиново масло(по желба)
-2 чешниња лук
-500 гр мелено месо
-400 или 500 гр доматен сос по избор
-лазања (7-8 листови)
-100 гр моцарела
Начин на подготовка:
На самиот почеток загрејте го маслото, намалете го огнот и пржете го ситно исечканиот кромид десетина минути. Три а минути пред крајот, додадете го сечканиот лук.
Додадете го меленото месо и варете го 5-10 минути на тивок до среден оган. Повремено промешувајте на намален оган и варете подолго време.
Измешајте го доматниот сос со 400 до 500 мл. вода.
Покријте, ставете на полесен оган (за постојано малку да крчка) и варете 10-15 минути; повторно, повремено мешајте да не се залепи на дното и да не изгори. Концентрација , на висок левел!
Отстранете го капакот и сега оставете го да врие додека не испари поголемиот дел од течноста, мешајќи.
Пробајте ги тестенините и ако случајно не се сварени, а во нив нема доволно течност за готвење – додадете уште околу 200мл вода и динстајте додека не се сварат.
Тоa е сѐ. Се надеваме ви успеа рецептот. Ако е така, уживајте и пријатно. Ако не успеа, обидете се повторно додека не успее. Повторувањето е мајка на знаењето, особено во кујната.



