Веќе не знат појќе шо да напрат овие од телевизите. До некни се пишеше за венчавки кои се славеа во луксузни ресторани, руф топој, чатии, па се водеа дискусии за то шо гостите носеле, па пет – шест пати се преслеквале, па не знам шо… Сега пу пу то не важи. Трката да бидиш шо поуникатен во Холивуд продолжува. Така Лана Дел Реј, се кандиса да се мажи за постар од неа 17тина години и одлучи веселбата да биди покрај мочуриште. Колку ќефо да си го напрат шо.
Сепак, настрана шпекулациите, поентата е уствари типот (мажулето) Џереми Дуфрен, водел бродски тури низ мочуришта полни со алигатори и други диви животни. И дека цел живот изгледа по мочуришта, да не му се напрај шок на чоеко в кафана, ај рекла Дел Реј тука ќе завршиме брзински работа. Потпис, сведоци, дрн – мрн и можи немаше алигатори, али папараците поминале на „по едно“ сличе – две. Скрос случајно. на поминвање. Станале од сабајле и баш си рекле, море шубав ден за по мочуришта!
Иначе во случај да ве интересира мочуриштето (шо не вервам), то е Дес Алемандс во Луизијана, одма тука до мочуриштето кај што Дуфрен праел тури. Остај ти батето, пак вака така реклама си напрај. Та тој та Лането. И така. Нека се кердосат, али неуба работа. Свадба на мочуриште. ХХм…АЗДИС!