Културна прегратка на Балканот! Слушајте го ова: во Битола, баклавата за Бајрам и црвеното јајце за Велигден, не се само традиции: тие се културни симболи што растат заедно, како пријатели од градинка што матурираат рамо до рамо. Овој град, кој од памтивек ја носи титулата мултикултурен меланж, не престанува да ја слави и негува разновидноста која го прави уникатен.
Дури и во своето архаично величество, оваа древна метропола со својата богата историска и културна позадина и влијание, не престанува да биде мултикултурна и современа. Со секоја фузија на вкус, мирис и звук, постојано потсетува на својата улога како праг на светот каде што се среќаваат различни култури, идеи и традиции. Овде, душата на кафето и прашањата на филозофите создаваат незаборавни искуства што ги носат луѓето со себе од сите верски и културни наследства – културна прегратка што трае и не запира.
Низ утринските променади и под вечерното небо, тонови на музички инструменти се преплетуваат и кокреираат, создавајќи мелодии кои одекнуваат од македонски, турски, албански, ромски, влашки и други традиции. Овој град ја живее својата воспитаност не само на масите, туку и во зборовите и искрените погледи кои се разменуваат помеѓу луѓето..
И да не заборавиме, старите битолчани велат: „Најубавитете муабети се праватт на кафанските тераси кои се декорирани со мотиви на различни јазични ракописи”. Тука се ужива не само во богатството на кујната, туку и во богатството на култури кои се спојуваат и живеат во хармонија.
Културната прегратка на Балканот
Во пресрет на Рамазан Бајрам, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше ифтарска вечер (оброкот кој се јаде по залезот на сонцето за време на месецот Рамазан, кога муслиманите ги пркинуваат своите постови). Присуствуваа бројни личности, меѓу кои битолскиот муфтија Амит Расими, пратениците Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Пеце Милевски како и претставници на локалната власт и бизнис секторот. Градоначалникот Коњановски ги поздрави присутните, нагласувајќи дека Рамазан ги учи на вредностите на заедништвото и важноста на единството за изградба на подобро општество. Вечерите како оваа се пример за заедничка соработка и почитување на различностите. Првиот ден на Рамазан Бајрам беше одбележан со благослов за здравје и благосостојба.
И за крај, едно последно размислување.: Каде според вас, се наоѓа душата на Битола? Дали е тоа во свеста на секој битолчанец, поединечно или можеби таму каде што се спојуваат Во свеста на секој еден битолчанец или можеби таму каде што се спојуваат срцето и умот на колективната свест, создавајќи еден универзален дух?
пишува: Ромина Марковска