Бизарно: Ги третира своите кукли како да се деца!

кукли

Кукли! Американка ги третира како да се деца, дури и ги дои!

Кели Кунингам  од Њујорк се грижи за нејзините кукли како да се нејзини деца. Да, добро прочитавте, дури и ги дои!

кукли американка ги третира како да се деца дури и ги дои

Мајчински инстикт без граници

Животот на Кели Кунингам се движи меѓу фантазија и реалност. Границата е дефинитивно, замаглена. Таа отсекогаш сонувала да биде мајка, но сеуште не го остварила тој сон. Наместо тоа, нашла унукатен начин да го задоволи својот мајчински инстикт  – преку доење кукли од серијата „Reborn“. Оваа колекција на кукли, позната по својата реалистичност, ја освоила нејзината љубов на нејзиниот 27 – ми роденден, кога ја купила својата прва кукла – Џенифер. Денес, таа има 29 години.

„Приврзувањето се случи како гром од ведро небо“, вели Кели која сега ги сместила своите седум кукли во вистински детски креветчиња со истата посветеност како да се вистински бебиња.

Овие кукли имаат терапевтска улога за многу луѓе кои се соочуват со неплодност, загуба на дете или деменција. Кели Кунингам не е единствената што го чувствува емоционалното поврзување со нив. Но, нејзината одлука да ги дои куклите предизвика бурни реакции во заедницата „Reborn“ . „Знаев дека доењето кукли не е прифатено, но не ми е јасно зошто тоа ги лути луѓето“, коментира Кели Кунингам која користи специјална „лажна храна“ за бебиња за оваа намена.

Од осуда до самодоверба на социјалните мрежи

Кели Кунингам се соочува со осудувачки погледи кога ги носи своите кукли во јавност. И покрај тоа, таа наоѓа утеха во славата што ја стекнала на социјалните мрежи. Нејзините кукли ги облекува во косплеј костими(косплеј е изведбена уметност во која учесниците се облекуваат како ликови од популарната култура, како филмови, аниме или стрипови) и со тоа привлекува  илјадници следбеници кои ја подржуваат нејзината невообичаена страст. „Повеќе не ми е грижа што мислат луѓето“, гордо вели таа.

Оваа  приказна е доказ дека за Кели Кунингам, линијата меѓу фантазија и реалност не е толку важна – она што навистина е важно за неа е  да го следи своето срце без  оглед на тоа што мислат другите. Но, дали таквиот начин на живеење е навистина здрав за нејзината психа? Некои психолози предупредуваат дека ова однесување  може да биде одговор на емоционална болка или незадоволство од реалноста. Иако изразувањето на љубов и нега кон кукли  може да има терапевтски ефект за Кели, останува прашањето: дали тоа ѝ помага да се соочи со вистинските проблеми или само ја потиснува потребата за реално справување со нив?

извор