Куќата од „Ѓаволот носи Прада“ на продажба! – Ако сте заинтересирани, еве ја понудата

куќата на „Ѓаволот носи Прада“ на продажба

Се продава куќата од култниот филм „Ѓаволот носи Прада“.

Куќата на Миранда Присли се наоѓа на „Upper East Side“ во Њујорк и e дадена на продажба со цена од 25 милиони евра. Колку за информација, да не сте можеби заинтересирани… Шега или зошто да не?

куќата на „Ѓаволот носи Прада“ на продажба
„Ѓаволот носи Прада“

Како и да е, еве ја нејзината приказна. Градската куќа која сега е на продажба, изворно е изградена во 1907 во „neo“-италијаски, ренесансен стил. Реновирана е во 2005 година. Инаку, куќата има 12 ооо квадратни метри, шест катови и во овој момент нема да можеме да влеземе секаде, голема е, а и немаме време…

на продажба

Ова урбано место, може да се пофали со седум спални соби, десет бањи, (за секој случај, да се најдат). Шегата на страна. Куќата беше дом на Mirandа Priestly, уредничка на престижниот моден весник во горе насловениот филм. Улогата во „Ѓаволот носи Прада“ од 2006, ја толкува актерката Мерил Стрип и наградена е со Оскар.

куќата
ентериер