Трката околу прашањето кој ќе измисли поуникатно (а богами и откачено нешто) во светот, не престанува. Имено, овој пат веројатно ,,се искористи” стравот на човекот и прашањето околу тоа што би се случило доколку тој земјотрес се случи додека спиеме. Станува збор за „неверојатна” иновација наречена – КРЕВЕТ ПРОТИВ ЗЕМЈОТРЕС.
Earthquake bed.
— Patrick Bet-David (@patrickbetdavid) February 15, 2023
Good or bad idea? pic.twitter.com/1CC6IbR5mK
Анимацијата која прикажува човек кој лежи на кревет, открива повеќе за трансформацијата на креветот. Тоа е еден вид на метален сандук со залихи на храна и пијалоци кои се предвидени за нивна употреба во случај на сеизмички земјотрес.
Во анимцијата се наведува дека креветот има сензори кои го регистрираат потресот и го движат капакот на сандукот, а металниот облик на креветот пак, заштитува од парчињата што паѓаат.
Patrik Bet -Dejvid е човекот кој ја сподели анимацијата на својот Тwiter, кој по вокација е претприемник и финансиски советник од Америка. Погледнете како тоа изгледа.