Крадци украле 100 000 органски јајца –  Неверојатно, но вистинито!

Крадци украле 100 000 органски јајца –  Неверојатно, но вистинито! И ова се случува во време кога цените на јајцата растат драстично поради епидемијата на птичјиот грип. Во американската сојузна држава, Пелсинванија, биле украдени над 100 000 органски јајца, проценети на 40 000 долари.

Крадци те ги украле јајцата од камион на компанијата Pete &  Gerry’s Organics во местото Гринкасл.

Високите цени на јајцата – причина за криминал?

Инцидентот се случил на 1 февруари во момент кога цената на јајцата во САД е во постојан пораст. Според податоците на американската влада, цената на јајцата скокнала за повеќе од 65% во изминатата година, а Министреството за земјоделство предвидува дека  во 2025 година ќе се зголеми за дополнителни 20%. Зголемените трошоци очигледно создаваат нови мотиви за кражба – крадци сè почесто се насочуваат кон продавници и магацини. Некои, веќе реагираа на оваа ситуација. Националниот синџир Waffle House воведе дополнителна такса од 0,50 долари по јајце, нарекувајќи ја „привремена такса поради невидениот раст на цените“.

Епидемија на птичји грип – главен виновник за покачувањето

kradci ukrale 100 000 organski jajca neverojatno no vistinito

Птичјиот грип кој започнал во 2022 година, продолжува да предизвикува нови бранови на зараза низ САД. Министерството за земјоделство забележало дека само во декември 2024 година цените пораснале за повеќе од 8%. Според  податоците, просечната цена на кутија јајца во декември 2023 година била 2,51долари, а една година подоцна достигнала 4,15 долари.

Овој пораст на цените доведе до недостаток на јајца во некои продавници, а експертите предупредуваат дека ситуацијата може дополнително да се влоши ако продолжи вирусот меѓу живината и стоката.

Јајцата  – нова мета на криминалците?

Иако кражбата на храна не е нов феномен, вакви масовни случаи се сè почести во услови на економска криза и висока инфлација.. Поради тоа, сопствениците на маркети и фарми сè почесто инвестираат во зголемени безбедносни мерки.

Додека полицијата на Пенсилванија продолжува да ја истражува оваа бизарна кражба, се поставува прашањето – дали јајцата ќе станат новата „луксузна роба“ на црниот пазар?

[post_tags]