Костенот – Крал на есента со бројни здравствени придобивки

костен kosten

На сите нам ни е добро познат мирисот на костенот. Посебно задоволство е печениот костен како есенска хедонистичка атракција што мора да признаеме се „фаќа“ за душа. Со денови се шири  низ улиците и ни овозможува долго есенско уживање. Гарантира врвни состојки од витално значење и мноштво здравствени придобивки. Приматот му се дава на витаминот Б9 кој е одговорен за формирање на црвените крвни зрнца и синтеза на ДНК. Следуваат витаминот Ц и количина на маснотии.

Костен от е извор на влакна кои од своја страна помагаат да се намали нивото на холестерол. Содржи магнезиум и фосфор кои се од големо значење  за метаболизмот на коските, како и калиум, кој го балансира нивото на натриум, отчукувањата на срцето и крвниот притисок.

костенот
kostenot

Костенот не содржи глутен, поради што добива на популарност во безглутенската исхрана која има се повеќе следбеници.

Во својот состав има најголем процент на скроб, што го прави повеќе сличен на пченката и компирот отколку на сродните јаткасти плодови. А лесно сварливото брашно од костен се покажа како идеално за правење колачи, сладолед, сосови и лековититопли супи.

Да не заборавиме. Дивиот костен не се јаде, но има голем број на лековити својства. Чајот од костен ги ублажува симптомите на астма и бронхитис, а како главна состојка во кремите е скоро идеален за лекување на проширени вени, како и во напорите за „бришење на целулитот“. Екстрактот од семе пак,  од див костен промовира подобро снабдување на кожата со кислород и хранливи материи.

Печете костени, јадете, уживајте и забавувајте се и оваа есен со наклон и благодарност пред кралот на есента. Питом крал за питоми луѓе.

Извор