Ана Ѓуриќ или попозната како Констракта, регионалниот феномен кој го восхити и освои целиот свет, на 7 септември пристигнува на спектакуларниот Get EXITed. Настан во преубавиот струмички Градски парк!
Необична по своите настапи, со невообичаен спој на текст, музика, визуелни и сценски ефекти, некогашната вокалистка во бендот „Земља Грува“, денес стекнува светска популарност. Рушејќи ги стереотипите за годините, оваа уметничка е мејнстрим ѕвезда во свите четириесетти и продолжува да го мотивира светот. Сведоци сме на една поинаква приказна наречена Констракта.
Констракта направи вистински бум изминатава година. Речиси преку ноќ стана центар на вниманието на регионалните медиуми. Таа беше главна ѕвезда на социјалните мрежи кои беа преплавени со хитот „In Corpore Sano“. Одеднаш сите ја имитираа препознатливата кореографија. Нејзиното „И шта чемо сад“ се најде секаде каде што можеше да се вметне – од парламенти до секојдневен говор. Необичната уметница стана мејнстрим ѕвезда во своите четириесетти години, со што прегази безброј непишани правила. Пејачката им даде надеж на сите оние кои веруваат дека најголемиот успех не е условен од возраста. Така стана универзално прифатена и сакана. Сакана од децата, тинејџерите, патријархот Порфириј со кого таа размени подароци пред заминувањето во Торино, интелектуалците, работниците, мажите, жените, сите.
Квалитетот на нејзиното творештво е забележан од светската публика. Се почитува и аплаудира за ѕвездата која овозможи, алтернативната сцена да биде најидлива и најпоприсутна до сега.
Бројни ннагради, пофални зборови, успеси. Констракта сите нѐ освои со едноставноста на „обичната жена“. Со скромноста со која успешно се носи, леснотијата со која суптилно ги критикува естрадата, општеството, теориите на заговор.
Неверојатната уметница, на 7 септември ќе пристигне на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, а публиката ќе ужива во „хајпот“ наречен Констракта. Имено, на фестивалот настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер и низа други познати имиња од музичката сцена.