„Зошто да е едноставно, кога може да биде комплициран о!“
Оваа реченица веројатно секој ја има слушнато, но колку навистина таа игра улога во вашиот живот. Во продолжение дознајте дали вашиот хороскопски знак е оној кој е склон да ги усложнува ситуациите. Хм..и да биде комплициран!
Овните избираат едноставни патишта до целта. Динамиката на страст и ентузијазам ги прави нестрпливи и директно се соочуваат со предизвиците. Овните немаат време да комплицираат. Ги решаваат работите „сега и овде и успешно“.
Бикот претпочита стабилност и комфор. Знае да биде тврдоглав кога се во прашање материјалните работи доколку не го добива тоа што го сака . Упорен е и често пати си ги усложнува односите со другите сѐ додека не го добие она што го зацртал.
Близнаците се комуникативни и брзо размислуваат . Лесно му пристапуваат на животот. И покрај тоа што имаат променливо расположение, ретко влегуваат во некоја сложена ситуација. Тие наоѓаат „мотив +“ и брзо го враќаат расположението во нормала.
Ракот е длабоко емотивен и грижлив кон сите. Подеднакво и кон семејството и кон пријателите и тоа може повремено да го доведе до емоционална компликација и до дисбаланс во расположението од причина што сака на сите да им угоди, а себеси се става во позадина.
Лавот е сонцето и секогаш и секаде во центарот на „Земјината топка“. Го избира патот што носи почитување. Кога станува збор за прикажување на неговата харизма и тоа како е „комплициран.“ „Да се прикаже шармот и не е така едноставна работа!“
Девицата е перфекционист . За неа сѐ е во деталите. Анализира и од „амфас и од профил“ и создава непотребна компликација. Умешна е во организацијата на работите, но, кога „сѐ треба да биде под конец“, е тоа е многу повеќе од комплицирано.
Вагите како што и самиот збор дефинира рамнотежа, се стремат кон хармонија со околината и избегнуваат конфликти. Тие знаат како да владеат со она што се вика „мир во куќата, мир со сите.“ Кога не успеваат да ги „задоволат страните“, едноставно, се повлекуваат.
Шкорпијата е мистериозна. Нејзината страсна природа доведува до комликации во односите , особено ако има недоразбирања. Често пати влегуваат во емотивни лавиринти „само и само “ да го анализираат скриениот мотив.
Стрелецот е со отворен ум и оптимистички расположен. Тој секогаш ја гледа светлата точка на ситуацијата и стрели кон „безопасно решение на проблемот“. Знае да ги занемари деталите и тоа може да го донесе до ненадејна комликација.
Јарците се амбициозни и практични. Се трудат чекор по чекор да ги постигнат своите цели. Нивната склоност да работат на моменти ги прави строги и фокусирани на комплицирани задачи. Понекогаш тие го игнорираат емотивниот аспект на ситуациите.
Водолиите се интелектуални и иновативни. Нивната потреба за слобода и оригиналност може да доведе до компликации во односите и ситуациите кои бараат традиционален пристап. Понекогаш на другите им изгледаат неразбирливи.
Рибите се сочувствителни и интуитивни. Нивната длабока емотивна поврзаност со другите може да ги доведе во компликации кога туѓите проблеми ги сфаќаат како свои. Тие имаат тенденција да размислуваат имагинативно, што може да предизвика заблуди и недоразбирања.