И да, навистина! Сонцето толку многу недостигаше и после дождливите денови, едвај го очекувавме. Но, внимавајте со високите температури!
Имено, докторите предупредуваат дека високите температури не само што носат ризик од топлотен удар, туку и од труење од сонце. Состојба која е реална и многу сериозна.
Предизвикано од преголемото изложување на ултравиолетово зрачење, всушност доведува до воспаление на кожата и тешки изгореници.
За разлика од благите изгореници, труењето со сонце обично бара третман. Истиот би бил задолжителен за да се избегнат наесакани последици и компликации како што се оштетување на кожата, топлотен удар и рак.
Еден од најчестите симптоми е оток на лицето, што е најчеста алергиска реакција на сонце. Други симптоми вклучуваат црвенило и плускавци на кожата, болка и печење, оток, главоболка, треска, гадење, вртоглавица и дехидрација.
Можете да спречите труење со сонце ако останете под сенка, особено помеѓу 11 и 15 часот.
Се разбира , секогаш носете капа и лесна облека од материјали преку кои кожата може да „дише“ и редовно нанесувајте крема за сончање со адекватен фактор за заштита. Избегнувајте вежбање или активности кои го загреваат телото.
Јадете ладна храна и освежете се со пијалоци, но држете се настрана од алкохол, кофеин и топли напитоци.
За летните топли денови и високите температури кои следат или за деновите кои планирате да ги поминете на одмор, докторите препорачуваат да се туширате со ладна вода, во текот на денот да ги затворете прозорците, но навечер да ги отварате кога температурата на воздухот паѓа.
Според некои метеролози доаѓаат многу жешки денови кои ќе предизвикаат и големо затоплување на океаните. За некои, ситуацијата е алармантна, па токму затоа се укажува на овие совети.