Морбидна сличност со трагедијата во Кочани со филм на Нетфликс – Сцените се идентични

Морбидна сличност со трагедијата во Кочани со филм на Нетфликс - Сцените се идентични

Најголемата трагедија за Македонија која се случи изминатиов викенд во Кочани, каде во преполна дискотека животот го загубија дури 59 лица, а 155 беа повредени, го шокира целиот свет.

Во дискотеката во Кочани имало повеќе присутни од дозволеното, а се докажа и дека клубот немал лиценца.

Како што пренесува 24sedam.rs, трагичниот настан премногу наликува на серијата именувана како „Бескрајна ноќ“ на Нетфликс. Сцените се одвиваат скоро исто и сценариото е идентично. Краткиот синопсис за филмот зборува за иста несреќа во која 242 лица го губат својот живот… A повеќе од 600 се повредени. После тој трагичен настан, јавноста бара правда затоа што открива дека властите знаат многу повеќе.

Филмот е инспириран од вистинска приказна. Трагедијата се случила во Бразил, во 2013 година во градот Санта Марија.

До избувнување на пожар дошло кога членовите на бендот запалиле ракети. Во моментот на паника, исто така се случило стампедо. Некои од посетителите на возраст од 17 до 30 години, така го загубиле својот живот. Други пак, починале од вдишување чад.

Истрагата покажала дека иако дискотеката немала доволно излези во случај на ургенција… Ниту дозвола да користи какви било пиротехнички средства во своите простории, сепак добила дозвола за работа од Одделот за пожари. Во дозволата било наведено дека дискотеката има два ургентни излези. Фактот дека вакви фалсификувани податоци биле искористени од страна на сопствениците на дискотеката, па и одобрени од Одделот за пожари покренал државна истрага, вклучувајќи ги агенцијата што го обезбедувала клубот, Општината на градот Санта Марија и Одделот за пожари. Исто така се потврдило дека апаратите за гаснење биле онеспособени, а постоело сомнеж дека дел биле и лажни реквизити, односно, поставени само да камуфлираат… дека се исправни.

Во 2013 година, на 2 април биле осудени двајцата сопственици на клубот и двајца членови од бендот. Едниот од сопствениците додека бил во приотвор имал обиди за самоубиство. Но пресудата, во 2022 била поништена и сите осомничени биле ослободени од вина поради сомнение дека поротата била селективно избрана и пристрасна. Ниту едно лице до денес не сноси никакви последици и покрај фактот што дискотеката имала лажна лиценца.

Имено, сличен инцидент се случил и на Род Ајленд во клубот The Station во 2003.

Сценариото на трагедијата која се повторува, оставувајќи трајни последици во Македонија. Како што истакнуваат во коментарите на социјалните мрежи, граѓаните апелираат дека не смееме да се дозволи прикривање на случајот, истакнувајќи дека мора да се спречи прикривањето и неодговорноста во понатамошното процесирање на трагедијата.

[post_tags]