Кина забранува видео игри – кои се тие и зошто се проблематични? Во последните месеци, Кина воведе нови регулативи. Истите ги таргетираат видеоигрите кои промовираат истополови врски, феминизирани мажи или искривени морални вредности според кинеските страндарди.
Кина забранува видео игри и презеде повеќе чекори за регулирање на истите. Особено оние кои можат да се толкуваат како двосмислени или да промовираат западни вредности. Овој пристап е дел од нејзините напори да ја заштити и зајакне својата културна сувереност. Да го ограничи влијанието на странски идеологии.
На пример, според извештаите, Министерството за образование во 2019 година воведе ограничувања за времето што малолетниците можат да го поминуваат во играње видео игри, повикувајќи се на загриженост за здравјето и развојот на младите , но и на контрола на културните содржини што ги консумираат.
За потсетување – Кина објави нови регулативи во август со кои строго ќе се ограничи кога и колку долго на луѓето помлади од 18 години им е дозволено да бидат онлајн и да играат видео игри. Од 1 септември кога стапи на сила оваа регулатива, во петок, сабота, недела и празници е возможно само еден час дневно од 08:00 до 21:00 часот. Сите играчи мора да се регистрираат под вистинско име . На компаниите што продаваат видео игри строго им е забрането да нудат какви било услуги на нерегистрирани играчи.
Исто така, кинеската администрација за видео игри периодично блокира или бара измена. на игри кои содржат елементи што можат да се сметаат за социјално и политички чувствителни. Според зборовите на Си Џинпинг, кинескиот претседател, изјавени на различни собири за културната политика во Кина – „Мораме да ги негуваме и водиме новите генерации за да прераснат во граѓани со верба во социјализмот и патриотизмот“ – истакната е стратегијата на владата за културниот идентитет на земјата преку контрола на медиумите и забавните содржини.
Во светот на брзи промени, секоја земја бара свој пат. А за Кина, овој пат е цврсто втемелен во зачувување на традициите и суверенитетот. Како ќе влијае оваа строга регулација на Кина врз глобалниот пазар на видеоигри, останува да видиме.