Кенија планира да засади 15 милијарди дрва

Кенија дрва

Кенија го добива националниот празник Ден на садење дрва

Пoнеделник 13 Ноември ќе биде празник за Кенија бидејќи нивната влада, официјално го прогласи овој ден за национален празник, Ден на садење дрва.

Она за кое медиумите зборуваат, е дека Кенија планира да засади 15 милијарди дрва до 2032 година. Амбициозниот план привлече доста внимание кај целиот свет.

Кенија дрва

„Кениското Министерство за животна средина, климатски промени и шумарство соопшти дека ќе ги обезбеди садниците за, како што рече, „доказ за посветеноста на Владата во борбата против климатските промени“. Се вели во медиумот каде ја сретнавме оваа информација. Цитатот од истиот додава:

„Во моментов, околу седум проценти од територијата на Кенија е пошумена. Но, владата одвои дополнителни средства оваа година бидејќи сака да ја зголеми површината под шума на 10 проценти.

Уништувањето на шумите ги забрзува климатските промени со запирање на фотосинтезата на растенијата. Климатските промени ги влошуваат сушите во Рогот на Африка. Тука е вклучена и Кенија, каде што не врне веќе петта сезона по ред.“