Кејт Мидлтон: „Не сум веќе истата, животот по ракот е тежок“

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, за време на посетата на болницата „Колестер“ во Есекс, проговори за личната борба со ракот и предизвиците по лекувањето. Таа откри дека, иако е во ремисија, секојдневието сè уште не ѝ се вратило во нормала.

„Го завршувате лекувањето и мислите дека можете да продолжите понатаму, но вистинската борба дури тогаш почнува“, изјави Кејт. Таа нагласи дека пациентите често се соочуваат со потешкотии во обидот да функционираат како порано, особено во домашна средина.

Мидлтон го опиша процесот како „ролеркостер“ и подвлече дека поддршката од околината е клучна дури и по медицинската терапија. Таа ја посети и болничката градина, каде што се одгледуваат растенија кои им помагаат на пациентите за време на хемотерапијата, нарекувајќи ја природата „личен извор на сила“.

[post_tags]