Karmen Exclusive – Успешна модна стилска приказна која денес слави 31 година

Како симбиоза од уметност, амбиција, талент и мотив, Кармен е успешна модна стилска приказна која денес слави 31 година.

Во пријатен амбиент, со професионален тим, овој фризерски салон е неминовен дел од мозаикот на Битола, како град на стилски негувани дами, отменост и модна култура.

Димче Ивановски, едно од најпрепознатливите имиња во фризерската професија, се потпишува како креатор на овој битолски бренд.

Кармен се задржува на слоганот ,,За влакно пред другите”. Со посебна модна перцепција, доверувајќи му ја работата на професионалци,
дамите знаат да ја препознаат нашата визија што ја креиравме уште од 1992
. – ќе рече сопственикот.

Денес, Karmen Exclusive е автентичен бренд со уникатен потпис на фризерски салон. Урбана оаза и совршено место од кое клиентите излегуваат среќни и задоволни од она што го гледаат во огледало.

Среќен роденден Кармен!