Кариран принт е секогаш актуелен. Тоа е модна визија која веројатно никако не умира и достојно одново се појавува на модната сцена.
И овој пат е актуелен и тоа во различни бои. Секако на модните парчиња, ја разбива монотонијата и од едноставно, секое издание станува уникатно, блескаво и се разбира впечатливо. Кариран принт значи романтично есенско расположение, а секако знае да блесне и во зимските изданија.
Во продолжение погледнете неколку идеи кои веруваме дека ќе ве инспирираат. Бидете евергрин и сепак без разлика какви се трендовите во моментот, направете да сте задоволни од оној автентичен изглед во вашето огледало.