Како критички да ги разбираш информациите? Научи повеќе од Видео курсот за медиумска писменост – Едукативно видео број 3

Што се лажни вести и дезинформации? Како критички да ги разбираме информациите кои ги добиваме преку медиумите?  Научете повеќе од видео курсот за медиумска писменост продуциран во рамки на проектот „Младинска медиумска лабораторија“. Учете online и добијте сертификат за успешно положен тест за медиумска писменост на платформата medialab.mk.

Третиот дел од видео курсот за медиумска писменост можете да го следите на линкот тука или во видеото подолу. Како критички да ги разбираш информациите?

Видео курсот се состои од пет едукативи видеа. Откако ќе ги проследите можете да го тестирате вашето знаење преку тест програмата на medialab.mk и да добиете дигитален сертификат за успешно положен тест.

За нови едукативни содржини и обуки за млади следете ја IMG_257 Младинската медиумска лабораторија.

Видео курсот за медиумска писменост е продуциран во рамки на проектот „Младинска медиумска лабораторија“, кој го имплементира граѓанската организација „Граѓански Патеки“ во партнерство со здруженијата „ИКТ Свет“, „Журналист“, „Од млади за млади“, „Младинска Граѓанска Акција“ и „Еко герила Преспа“.

Активностите се спроведуваат во рамките на регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“, која се имплементира со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.

[post_tags]