Новата Ера Започнува со Jurassic World: Rebirth – Скарлет Јохансон во главната улога!
Подготвени за ново диносауруско лудило? Jurassic World: Rebirth е најновиот и највозбудлив додаток во легендарната франшиза „Jurassic Park“. Филмот ќе ја доживее својата премиера на 2 јули 2025 година. Режисерот Gareth Edwards („Rogue One“, „Godzilla“) и сценаристот David Koepp (кој стоеше зад оригиналот од 1993 година) се враќаат со спектакл кој ќе ги воодушеви и старите и новите фанови.
Новата Ера Започнува со овој филм. Во главната улога блеска Скарлет Јохансон како Зора Бенет – специјалистка за тајни операции, која е испратена на изолиран остров (поранешна локација на лабораторија на InGen) за да извлече генетски материјал од три моќни видови диносауруси. Но мисијата се комплицира кога екипата наидува на заглавено семејство и открива темни тајни скриени со децении.
Покрај Скарлет Јохансон, во актерската постава се и Jonathan Bailey и Mahershala Ali, кои додаваат длабочина и драма на оваа научно-фантастична авантура. Специјалните ефекти се неверојатни, музиката интензивна, а напнатоста се чувствува во секоја сцена.
Ако сте љубители на акција, адреналин и диносауруски хаос – овој филм е направен токму за вас.
Прочитајте повеќе ТУКА