Прво прашање: „Дали работи парното оти зиморлија сум!“ – си праша гостинот, па од ко се кандиса некако, влезе во југцето. Кузевски Душан – Дуле во југото на Мими.
Дуле го знаеме како актер кој брилираше во претстави кои ден денес се паметат. Секогаш со уникатен пристап кон изработката на ликовите и автентичност, Дуле стварно ја полнеше сцената и беше големо парче од мозаикот во урнебесните комедии. И да не го креваме „Ногу“ во облаци, да не се испозанеси после, шо прајме… Имено Дуле во југото на Мими, си призна дека страшно му фали театарската сцена.
Отсекогаш сакал да биде актер, да игра пред публика, да ја доживее таа сензација од емоции која само театарот како уметност може да ја донеси. Сепак, од ќеиф не се живеј, па во оваа емисија се продискутира и околу оваа професија во нашата земја. Колку е таа ценета и до каде е границата? Го работиш тоа што го сакаш, но каде се плодовите…? „Оти не можиш да му речиш пример на ЕВН, ќеф ми е да ја потрошам струјата а да не ви платам…“ – ќе забележи Мими.
Имено Дуле е сега дел и од „Pomelo TV“ и на задоволство на публиката најави дека тимот подготвува нешто ново. Проект што навистина ќе му се допадне на публиката. Нешто што до сега го нема во Македонија. Имено тука да се надоврзиме и ние. „Разбуди се“ е официјалната страна на Pomelo TV, па доколку некој од вас има некаква идеја, талент и креативен проект кој би сакал да го промовира, можете да не контактирате.
Натаму во муабетчето дури се „драјваја“ низ Битола, Дуле најави и свој сопствен нов проект. Ќе станува збор за видеа кои ќе се занимаваат со одговори на актуелните проблеми од секојдневието. (И пошо Дуле ни е другар, ги знајме деталите, ама не ги откриваме, да не го издајме чоекот. А и плус е појако да ве држиме во неизвесност. ) Она шо Кузевски сепак го нагласи и поднајави е дека емисијата ќе се вика: „Брчиме со Дуле“.
Луди турнеи, откачени ситуации, незаборавни спомени. Душан Кузевски лоцираше спомени од театарската кариера, а се спомна и моментот ко си клекна со прстен во Хераклеа… Тантара – пантара, пак ние се зазборавме. Да не должиме многу, видете го видеото на почетокот од текстот и уживајте во уште една емисија на Мими со југото.
П.С. Сори за битослкиО, али не е случајно…намерно е!:)